ЦРНОГОРСКИ ТУРИЗАМ – Се бара хрватскиот модел за сезонски работници

Туристичките работници предупредуваат дека без странци сезоната не може да биде стабилна.

ЦРНОГОРСКИ ТУРИЗАМ – Се бара хрватскиот модел за сезонски работници
Фото: Принтскрин

Претставници на туристичката индустрија во Црна Гора предупредуваат дека актуелниот предлог-закон за сезонски работници не го решава клучниот проблем со брзото и лесно вработување на странци, кои се од суштинско значење за успешната сезона.

Тие го посочуваат примерот на Хрватска, каде половина од сезонските работници се странци и целосно дигитализиран систем овозможува електронско издавање дозволи без физичко присуство на работникот.

Индустријата предлага Црна Гора да воспостави унифициран дигитален портал како единствена точка за регистрација на сезонски работници, со цел навремено да ги задоволи потребите на пазарот на трудот.

CATEGORIES
Share This