ЦРНА ГОРА ПОВТОРНО ВО ПОТРАГА ПО НАФТА И ГАС Нов тендер за истражување

ЦРНА ГОРА ПОВТОРНО ВО ПОТРАГА ПО НАФТА И ГАС Нов тендер за истражување

Управата за хидрокарбони во Црна Гора објави нов тендер за консултантски услуги, со цел да се подготви целосна документација за истражување и производство на хидрокарбони во морското дно на земјата. Вредноста на тендерот изнесува 25.000 евра, вклучувајќи ДДВ. Според условите на тендерот, целта е да се ангажира експерт или консорциум кој ќе помогне во создавањето на документацијата неопходна за спроведување на тендерската процедура.

Консултантските услуги ќе опфатат сите фази на подготовка на конкурсната документација, усогласена со најдобрите меѓународни практики и стандарди во нафтената и гасната индустрија. Главната цел на ангажирањето на консултантот е да се обезбеди стручна и актуелна документација која ќе овозможи транспарентен и ефикасен процес на доделување на договори за истражување и производство на хидрокарбони. Понудите треба да се достават најдоцна до 19 декември во 13 часот.

Како што беше претходно најавено, Управата за хидрокарбони работи на подготовка на нови тендери за доделување концесии за истражување на нафта во подморјето на Црна Гора. Ова истражување е оценето како од исклучителна важност за економскиот развој на земјата. Откритието на хидрокарбони во морето би можело да создаде нова индустрија, што би довело до зголемување на животниот стандард и економскиот напредок.

Црна Гора има можност да потпише два договора за концесија: еден за истражување и еден за производство на хидрокарбони. Договорот за производствена концесија им дава право на концесионерите да спроведуваат истражувања и производство на хидрокарбони, како што беше случајот со компаниите Ени/Новатек и Енергeан. Договорот за истражување, пак, им овозможува на концесионерите да извршуваат геолошки и геофизички истражувања, но без право на бушење.

Целта на објавувањето на јавниот повик и склучувањето на договорот за истражување е да се зголеми знаењето за потенцијалот на хидрокарбони во подморјето на Црна Гора, со цел да се пронајдат комерцијални резерви на нафта и гас. Спроведувањето на договорот за истражување ќе донесе нови геофизички податоци од делови на морето кои не се покриени со постоечките концесии, а кои сè уште не се истражени.

Овие нови податоци би можеле да резултираат со успешна доделба на нови концесии за производство на хидрокарбони, што на крајот може да доведе до пронаоѓање комерцијални резерви на нафта и гас. Според договорот, концесионерот има право да собира, обработува и продава податоци добиени за време на спроведувањето на концесијата, а приходите од продажба ќе бидат поделени помеѓу концесионерот и државата.

Црна Гора во минатото имала два активни договора, еден со консорциумот Ени-Новатек и друг со грчката компанија Енергeан. Меѓутоа, по завршувањето на првата фаза на истражување, овие компании се повлекоа, а договорот со Енергeан истекол поради недостаток на партнер за продолжување на истражувањето.

CATEGORIES
Share This