ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА ЌЕ ИСЧЕЗНЕ ВЕЧЕРВА – Дали ова е најопасната изјава досега

Фокс њуз со обвинување до Иран дека ги користи граѓаните како жив штит.

ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА ЌЕ ИСЧЕЗНЕ ВЕЧЕРВА – Дали ова е најопасната изјава досега
Фото: Национал

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика бурни реакции со изјава дека „целата цивилизација може да исчезне вечерва и никогаш да не биде обновена“, во контекст на растечките тензии со Иран.

Според неговите најави, рокот за отворање на Ормутскиот теснец истекува во вечерните часови, а во спротивно САД би можеле да преземат воени удари врз инфраструктурни цели како мостови и електрани во Иран.

Во меѓувреме, американската телевизија Fox News го критикува иранскиот режим, тврдејќи дека користи цивили како „човечки штитови“, откако граѓани излегоа на улиците за да ги заштитат клучните објекти.

Овие ставови предизвикуваат остри критики дека дел од медиумите, иако се претставуваат како независни, всушност заземаат страна и придонесуваат за дополнително заострување на реториката и конфликтот.

Од друга страна, од техеран стигнаа пораки за смирување на тензиите. Портпаролката на иранската влада, Фатема Мохаџерани оцени дека ваквите закани се „знак на незнаење“ и нема да придонесат за дијалог.

Таа нагласи дека приоритет на владата е зачувување на мирот и безбедноста, додавајќи дека вратата за разговори останува отворена, но само врз основа на меѓусебна почит, а не закани.

„Заканите за уништување на цивилизацијата повеќе зборуваат за непознавање на историјата на една нација која низ вековите ги надминувала кризите и продолжува да опстојува“, порача Мохаџерани.

CATEGORIES
TAGS
Share This