ЦИК ЈА СПРОВЕДЕ СУДСКАТА ОДЛУКА – Додик суспендиран од функцијата
Одбраната на Додик има право на жалба до Апелациониот оддел на Судот на БиХ, кој е надлежен за разгледување на изборните спорови.

Фото: Принтскрин
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК БиХ) денеска едногласно донесе одлука за одземање на мандатот на Милорад Додик како претседател на Република Српска.
Одлуката следува по правосилната пресуда со која Додик е осуден на едногодишна затворска казна и шестгодишна забрана за вршење политички функции, поради непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.
Одбраната на Додик има право на жалба до Апелациониот оддел на Судот на БиХ, кој е надлежен за разгледување на изборните спорови. По завршувањето на жалбената постапка, одлуката ќе стане конечна.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


