ЧУВАРОТ НА ТАЈНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – 75 години Државен архив, што се крие внатре?

Во Државен архив се чуваат документи што ја раскажуваат вистинската историја и дел од нив ретко кој ги видел.

ЧУВАРОТ НА ТАЈНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА – 75 години Државен архив, што се крие внатре?
Фото: Принтскрин

Државниот архив одбележува значаен јубилеј – 75 години од своето постоење, нагласувајќи ја својата клучна улога како чувар на македонското историско и културно наследство.

Свечената манифестација ќе се одржи во Порта Македонија, каде што се планирани обраќања и доделување признанија на поединци и институции кои со години придонесуваат за развојот на архивската дејност.

Од Државен архив истакнуваат дека овој јубилеј е можност да се потенцира значењето на институцијата и не само како заштитник на вредната архивска граѓа, туку и како фактор што ја гради колективната меморија и ја поврзува историјата со иднината.

Директорот Димитар Богески нагласува дека Архивот претставува темел на македонскиот идентитет. Како еден од највредните документи го издвојува Евангелието на Лука од 12 век, кое потекнува од фондот на познатото охридско семејство Робеви.

По повод јубилејот, најавени се бројни активности и изложби, промоции и презентации на архивски материјали со цел богатото наследство да стане подостапно за јавноста и научната заедница.

Сепак, институцијата се соочува и со предизвици, особено во однос на просторните услови, потребата од нови депоа, како и модернизацијата на процесите за конзервација и реставрација.

Еден од приоритетите останува дигитализацијата на архивската граѓа, што овозможува подобра заштита и поширока достапност за истражувачки цели.

Основан во 1951 година, Државниот архив денес претставува сведоштво за континуираниот развој и посветеноста на генерациите кои ја граделе архивската дејност во земјата.

CATEGORIES
Share This