„ЧОВЕК ПРОТИВ ЈАТО“ Прв долгометражен филм на Тамара Котевска

Сместен во рурална Македонија, филмот ја прикажува судбината на едно село чии жители се соочуваат со нарушување на животниот мир поради изградбата на автопат – судир помеѓу традицијата и модернизацијата.

„ЧОВЕК ПРОТИВ ЈАТО“ Прв долгометражен филм на Тамара Котевска

По светскиот успех на документарецот Медена земја, режисерката Тамара Котевска го снима својот прв долгометражен игран филм – Човек против јато. Сместен во рурална Македонија, филмот ја прикажува судбината на едно село чии жители се соочуваат со нарушување на животниот мир поради изградбата на автопат – судир помеѓу традицијата и модернизацијата.

Во филмот настапуваат: Кирил Андоновски, Верица Недеска, Лола Трендафиловиќ, Горан Богдан, Тони Наумовски, како и актери од Македонија, Хрватска, Германија, Холандија и Бугарија.

Човек против јато е во продукција на „Видео студио Петковски“, во копродукција со партнери од Хрватска, Грција, Турција, Србија и Црна Гора, со финансиска поддршка од Министерството за култура на РСМ, „Еуроимаж“ и филмските центри на соработничките земји.

Котевска претходно стекна меѓународна слава со Медена земја, добитник на награди на фестивалот „Санденс“ и номиниран за два Оскари.

CATEGORIES
Share This