ЧИСТКА ВО ПЕНТАГОН – Хегсет во паника ги разрешува врвните генерали

Стравот дека ќе биде сменет од Дрискол ја тресе американската воена команда

ЧИСТКА ВО ПЕНТАГОН – Хегсет во паника ги разрешува врвните генерали
Фото: Принтскрин

Сомнежите на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет дека би можел да биде заменет од секретарот на армијата Ден Дрискол стојат зад ненадејната смена на врвни генерали во Пентагон, објавува „Њујорк пост“, повикувајќи се на извори од администрацијата.

Во четвртокот, Хегсет побарал оставка од началникот на Генералштабот на армијата, генерал Ренди Џорџ, кој важи за близок соработник на Дрискол. Одлуката доаѓа во чувствителен момент, за време на актуелните тензии на Блискиот Исток, без официјално објаснување од Министерството за одбрана.

Според извори, зад потегот стојат несигурност и зголемена недоверба кај Хегсет, особено по скандалот „Сигналгејт“ од март 2025 година, кога по грешка бил вклучен новинар во доверлива комуникација со безбедносни претставници.

Покрај Џорџ, сменети се и генералот Дејвид Хоџсон, кој раководел со Командата за трансформација и обука, како и генерал-мајор Вилијам Грин од Корпусот на капеланите. Официјалното образложение гласи дека „е време за промени во раководството“.

Извор близок до Белата куќа открива дека односите меѓу Хегсет и Дрискол се сериозно нарушени, а на министерот му било посочено дека засега нема да биде заменет. Сепак, стравот од можна смена, според истиот извор, го поттикнал да ги тргне луѓето што ги смета за блиски до потенцијалниот наследник.

Дрискол, кој е близок со потпретседателот Џ.Д. Венс и негов поранешен колега од Правниот факултет на Јеил, веќе подолго време се споменува како можен кандидат за функцијата. Дополнителна тежина на неговото име му даде и улогата во дипломатските активности поврзани со војната меѓу Русија и Украина.

Хегсет, кој беше втор избор на Доналд Трамп за оваа позиција, се соочува со низа контроверзии за време на мандатот. Дел од извештаите сугерираат дека би можел да биде посочен како одговорен за неуспесите во надворешната политика, вклучително и ескалацијата со Иран.

CATEGORIES
Share This