ЧЕТИРИ СЦЕНАРИЈА ЗА ИДНИНАТА НА УКРАИНА Од „Грузија“ до „Белорусија“

JP Morgan заклучува дека иако целосен мир изгледа далеку, замрзнување на конфликтот преку привремен договор може да биде реален и најбрз пат кон запирање на активните борби.

ЧЕТИРИ СЦЕНАРИЈА ЗА ИДНИНАТА НА УКРАИНА Од „Грузија“ до „Белорусија“
Принтскрин

Според новиот извештај на Советодавното тело за глобални предизвици при американската банка JP Morgan Chase, Русија и Украина би можеле да постигнат „несовршен договор“ до средината на годината кој би резултирал со замрзнување на конфликтот на теренот, без постигнување сеопфатен мировен договор. Извештајот, објавен на официјалната веб-страница на банката, наведува дека конфликтот влегува во завршна фаза, со засилени притисоци врз руските и украинските лидери – Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Од JP Morgan оценуваат дека одржливоста на каков било договор ќе зависи од степенот на отстапки од страна на Западот и Украина, како и од квалитетот на безбедносните гаранции што ќе го придружуваат договорот.

Анализата идентификува четири можни сценарија за завршување на конфликтот, споредени со други историски и тековни геополитички ситуации. Сепак, во ниту едно сценарио не се предвидува целосно враќање на украинската контрола врз целата територија, ниту пак нејзино приклучување кон НАТО.

Најверојатен исход: Сценарио „Грузија“ (50% веројатност)

Во ова сценарио, Украина останува без странски трупи и без значителна воена поддршка од Западот, што ја изложува на долгорочна нестабилност. Би следувало забавување на нејзините евроатлантски интеграции и постепено зајакнување на руското влијание. Овој модел го следи примерот на грузискиот конфликт, каде територијалниот спор останува замрзнат, но нерешен.

Сценарио „Израел“ (20%) – Долгорочна поддршка, но без НАТО

Ова сценарио предвидува континуирана, но индиректна поддршка за Украина од страна на Западот, без присуство на странски војници. Украина би станала „воена тврдина“, со модернизирана армија и засилен систем за одвраќање. Иако земјата би била во состојба да се брани самостојно, заканата од нова војна би останала постојано присутна.

Сценарио „Јужна Кореја“ (15%) – Меѓународни трупи и стабилност

Овој модел предвидува присуство на европски трупи како дел од одвраќачки сили и американски безбедносни гаранции. Тоа би ја стабилизирало контролата на Киев над околу 80% од украинската територија, создавајќи поделен, но мирен статус, сличен на ситуацијата на Корејскиот Полуостров.

Сценарио „Белорусија“ (15%) – Победа за Русија и геополитички пораз за Западот

Најнеповолен исход за Украина предвидува повлекување на американската поддршка и немоќ на Европа да ја надомести таа празнина. Русија би останала цврста во своите максималистички барања, настојувајќи целосна капитулација на Украина и нејзино претворање во вазална држава. Овој исход би значел геополитичка победа за Москва и слабеење на западниот поредок воспоставен по Втората светска војна.

Во извештајот исто така се посочува дека Украина и Русија неодамна се договориле за размена на 1.000 заробеници во Турција, што претставува први директни мировни контакти од почетокот на инвазијата во 2022 година – потенцијален сигнал за отворање на нов дипломатски фронт.

JP Morgan заклучува дека иако целосен мир изгледа далеку, замрзнување на конфликтот преку привремен договор може да биде реален и најбрз пат кон запирање на активните борби.

CATEGORIES
TAGS
Share This