ЧЕТИРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОРАДИ ПРОЕКТИРАЊЕ СЛИКИ НА ЗАМОКОТ ВИНДЗОР – Сликите биле од Трамп, принцот Ендру и Епштајн

Полицијата соопшти дека приведените се осомничени за злонамерна комуникација поради „неовластено проектирање“ и најави темелна истрага.

ЧЕТИРИ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОРАДИ ПРОЕКТИРАЊЕ СЛИКИ НА ЗАМОКОТ ВИНДЗОР – Сликите биле од Трамп, принцот Ендру и Епштајн

Четири лица се уапсени откако на замокот Виндзор беа проектирани фотографии од Доналд Трамп, принцот Ендру и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, во пресрет на државната посета на американскиот претседател на Велика Британија.

Демонстрантите поставиле и транспарент во близина на замокот, а подоцна проектирале повеќе слики на една од кулите. Полицијата соопшти дека приведените се осомничени за злонамерна комуникација поради „неовластено проектирање“ и најави темелна истрага.

Трамп пристигна во Лондон синоќа, а денеска ќе биде пречекан од кралот Чарлс во замокот Виндзор, на својата втора државна посета во Британија по таа во 2019 година.

CATEGORIES
Share This