ЧЕТИРИ ИПОЛ ЧАСА РАЗГОВАРАШЕ ПУТИН СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА ТРАМП Се отвора ли патот за мир во Украина?

Средбата траела околу четири и пол часа, а како што претходно соопшти Кремљ, не е исклучено по средбата меѓу Путин и Виткоф, телефонски да разговараат и лидерите на Русија и САД

ЧЕТИРИ ИПОЛ ЧАСА РАЗГОВАРАШЕ ПУТИН СО ПРЕТСТАВНИКОТ НА ТРАМП Се отвора ли патот за мир во Украина?

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, е завршена, известија од Кремљ.

Според руската новинска агенција ТАСС, разговорите се случиле во претседателската библиотека во Санкт Петербург и траеле повеќе од четири часа. Во моментов, детали од дискусијата не се објавени.

Претходно во текот на денот, Виткоф оствари средба со директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев, во еден хотел во Санкт Петербург. После тоа, тој ја посети и локалната синагога.

Со соопштение се огласи и Белата куќа во која се наведува дека посетата на специјалниот пратеник на американскиот лидер Стивен Виткоф на Русија е уште еден чекор на патот кон воспоставување мир во Украина.

Портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков изјави дека разговорот меѓу двајцата функционери се одржал зад затворени врати.

Средбата траела околу четири и пол часа, а како што претходно соопшти Кремљ, не е исклучено по средбата меѓу Путин и Виткоф, телефонски да разговараат и лидерите на Русија и САД.

Песков објасни дека средбата меѓу Путин и Виткоф е затворена и покрај тоа што Кремљ за прв пат објави видео на кое рускиот лидер и американскиот претставник се ракуваат непосредно пред почетокот на средбата.

„Средите секако не беа тајна. Ова е трета посета на Виткоф на нашата земја. Во Москва дојде двапати, а денеска е во Санкт Петербург. Вообичаено е да се покаже првото ракување. Сепак, тие не се среќаваат за прв пат. Но, самиот разговор е затворен процес“, истакна Песков.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, не ја исклучи можноста за нов телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, по посетата на Русија на специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стив Виткоф.

CATEGORIES
Share This