ЧЕСНО И ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ – Над 2 милијарди евра приход во Царината

Овие резултати се постигнати благодарение на макотрпна работа, посветеност и чесност. Ја намалуваме корупцијата, се бориме против криминалот и ги градиме темелите на промените во Царинската управа.

ЧЕСНО И ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ – Над 2 милијарди евра приход во Царината
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Новиот пристап од страна на раководителите на институциите и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се гледа по растот на приходите и економијата. На секое поле или секоја институција имаме зголемени приходи, затоа што работиме чесно, одговорно и домаќински.

Важно е да се напомене дека беа сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици. Спречени се и обиди за криумчарење на пола милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи. Ова се само дел од резултатите што ги постигна Царинската управа за само една година од раководењето предводено од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на прекршочни и кривични дела, евидентирани се вкупно 520 случаи или двојно повеќе од претходно. Поднесени се и 181 кривична пријава за сторени кривични дела против 307 физички и 99 правни лица или за четири и пол пати повеќе споредбено со годината претходно кога биле поднесени 42 кривични пријави.

Овие резултати се постигнати благодарение на макотрпна работа, посветеност и чесност. Ја намалуваме корупцијата, се бориме против криминалот и ги градиме темелите на промените во Царинската управа.

CATEGORIES
Share This