ЧЕЛЗИ ПРОФИТИРА ОД ПРОДАЖБА НА ФУДБАЛЕРИ – Џексон на пат кон Баерн Минхен

ЧЕЛЗИ ПРОФИТИРА ОД ПРОДАЖБА НА ФУДБАЛЕРИ – Џексон на пат кон Баерн Минхен

Николас Џексон би можел да стане нов член на Баерн Минхен веќе оваа недела, што ќе биде уште еден значаен потег за Челси во текот на летниот трансфер период. Според најновите информации, клубот од Лондон веќе оствари импресивна заработка од продажба на играчи, која надминува 300.000.000 евра. Во оваа сума се вклучени трансфери на играчи како Нони Мадуеке, Ѓорѓе Петровиќ, Жоао Феликс, Дузбери-Хол, Лесли Угочукву, Армандо Броја и Ренато Веига.

Скоро е завршен и трансферот на Кристофер Енкунку, кој се очекува да замине во Милано за околу 35.000.000 евра. Следниот значаен потег е позајмицата на Џексон во Баерн, при што Челси успеа да ги убеди Баварците да платат оштета од 15.000.000 евра за една сезона. Исто така, Баерн ќе ги покрие и целосните примања на играчот.

Сенегалскиот напаѓач пристигна во Челси пред две години за 37.000.000 евра, а следното лето може да се реализира и траен трансфер во Баерн, доколку германскиот клуб одлучи да го откупи. За таа сума, преговорите се уште се во тек.

CATEGORIES
Share This