ЧЕЛЗИ ГО ДОБИ БУОАНАНОТЕ Но без шанса за Лигата на шампионите

ЧЕЛЗИ ГО ДОБИ БУОАНАНОТЕ Но без шанса за Лигата на шампионите

На последниот ден од преодниот рок, Челси го засили својот состав со младата аргентинска ѕвезда Факундо Буананоте, кој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен играч од Брајтон. По потпишувањето на договорот, 20-годишниот напаѓач не успеа да ја сокрие својата радост за можноста да игра за еден од најголемите клубови во Премиер лигата.

„Пресреќен сум што доаѓам во Челси. Ќе работам напорно и ќе дадам максимум за моите нови соиграчи и за стручниот штаб. Верувам дека не очекува успешна сезона,“ изјави Буананоте, изразувајќи ја својата посветеност кон новиот клуб.

Младокот дополнително ја истакна својата возбуда за можноста да настапува во Лигата на шампионите, нагласувајќи дека тоа би било остварување на неговиот сон. Сепак, неговата радост беше краткотрајна, бидејќи на самиот старт на новата сезона, името на Буананоте не се најде на списокот на играчи кои тренерот Енцо Мареска ги пријави за елитното европско натпреварување. Оваа ситуација остави многу навивачи на Челси изненадени и разочарани.

CATEGORIES
Share This