БОМБА ВО ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Јовчески генерален секретар, Михајловски од затвор во Извршниот комитет во битката за Македонија
Исто така, Централниот комитет ги утврди 29 кандидатски листи за претстојните локални избори, додека уште шест листи се во постапка и ќе бидат разгледани на следната седница.

Централниот комитет на Единствена Македонија на дводневната седница во Охрид донесе повеќе кадровски одлуки во рамките на своите надлежности.
Избран е нов Извршен комитет, а за генерален секретар е избран Милан Јовчески. Во составот на Извршниот комитет е вклучен и уставобранителот Вилијам Михајловски – Гајда, кој во моментов издржува затворска казна од 14 години, за која партијата смета дека е неоправдана и политички мотивирана. Михајловски ќе раководи со Комисијата за внатрешна безбедност, одбрана, правда и политички затвореници при Единствена Македонија.
Исто така, Централниот комитет ги утврди 29 кандидатски листи за претстојните локални избори, додека уште шест листи се во постапка и ќе бидат разгледани на следната седница. Дополнително, донесена е и одлука за кандидат за градоначалник на Град Скопје.


