ЦЕНОВИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ ЕКСПЛОДИРААТ – Раст од 25% за една година

Стан од 91 квадратен метар во Центар продаден за 280.000 евра, квадратот 3.000 евра

ЦЕНОВИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ ЕКСПЛОДИРААТ – Раст од 25% за една година
Фото: Национал

Најновите податоци на Народната банка покажуваат дека пазарот на недвижности во Скопје продолжува со силен и забрзан раст. Во четвртиот квартал од минатата година, цените на становите во главниот град се зголемиле за дури 25 проценти на годишно ниво.

Овој тренд не е изолиран случај, туку континуирано се одржува во текот на целата година. И во третиот квартал беше забележан речиси идентичен раст од 25,1 проценти, што укажува на постојано прегревање на пазарот.

Колку е сериозна состојбата на терен најдобро говорат податоците од Катастарот. Забележана е рекордна продажба на стан од 91 квадратен метар во општина Центар, кој е продаден за 280.000 евра. Тоа значи дека купувачот платил дури 3.000 евра по квадратен метар – највисока регистрирана цена досега.

И покрај ваквите високи износи, интересот за купување станови не опаѓа. Напротив, побарувачката останува силна, што дополнително го поттикнува растот на цените и го загрева пазарот на недвижности во Скопје.

CATEGORIES
TAGS
Share This