ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО ЕУ ЕКСПЛОДИРАА – За 10 години речиси 65% поскапи
Унгарија е апсолутен рекордер со пораст од 290%, додека Финска е единствена со поевтини недвижности.

Цените на становите во Европската Унија продолжуваат да растат, со пораст од речиси 65% во последната деценија, покажува извештајот на Евростат.
Во четвртиот квартал од 2025 година, цените на становите пораснале за 5,5%, додека кириите се зголемиле за 3,2% во однос на истиот период лани. Во однос на третото тромесечје, становите поскапеле за 0,8%.
Од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ пораснале просечно за 64,9%, а кириите за 21,8%. Најголем раст е забележан во Унгарија (290%), следена од Португалија (180%), Литванија (168%) и Бугарија (157%). Единствена земја каде недвижностите се поевтини од пред десет години е Финска.
Кириите се зголемиле во сите членки на Унијата, најдрастично во Унгарија, каде се удвоени, како и во Литванија, Ирска и Полска.
