ЦЕНАТАТ НА НАФТАТА ЕКСПЛОДИРА, ЗЛАТОТО ОСТАНУВА ИСТО – Ова се причините
Цената на нафтата скокна поради ескалација на конфликтот во Иран, додека златото останува стабилно околу 5.000$ за унца.

Додека војната во Иран влегува во 19-тиот ден, цената на златото, традиционално сметано за безбедно засолниште, останува изненадувачки стабилна. Откако САД и Израел започнаа напади на 28 февруари, конфликтот ескалира во регионот, зголемувајќи стравувања за глобалната економија.
Цените на акциите паднаа, а по најавата на висок советник на Иранската револуционерна гарда на 2 март дека Ормутскиот теснец е „затворен“, нафтата поскапе над 100 долари за барел. Сепак, златото остана околу 5.000 долари за унца, без значителни промени.
Економистите наведуваат неколку причини зошто цената на златото не расте? Каматни стапки на САД и очекувањата дека Федералните резерви ќе ги одржат или дури зголемат каматните стапки го прават доларот поатрактивен, а златото, кое не носи камата, помалку привлечно. Претходниот раст на златото доведе цената веќе да се зголеми оваа година, што ја намалува чувствителноста на пазарот на нови геополитички кризи. Силниот долар и како што зајакнува, тоа го ограничува растот на цената на златото, а нуди и алтернативно „безбедно засолниште“.
Експертите истакнуваат дека златото сè уште е привлечна инвестиција, но повеќе не е „непогрешливо засолниште“ како пред две години. Слабата побарувачка за накит и претпазливоста на централните банки го забавуваат потенцијалниот раст на цените.
За да се случи значително зголемување на цената на златото, потребни се две работи: Јасен сигнал од Федералните резерви за можни намалувања на каматните стапки и продолжување и продлабочување на конфликтот, со што расте несигурноста и барањето за безбедно засолниште.
Аналитичарите додаваат дека доколку војната заврши, цените на доларот и нафтата би можеле да паднат, што генерално би ја поддржало цената на златото и среброто. Сепак, вистинскиот ефект ќе зависи од инфлацијата и од реакцијата на централните банки.


