ЦЕНАТА НА СУРОВАТА НАФТА НАГЛО ПОРАСНА Причината е војната во Иран
Дополнителен притисок врз цените создаваат и нападите врз нафтени и гасни постројки во Иран, Израел и САД.

Цените на суровата нафта нагло пораснаа поради војната со Иран и нарушувањето на производството и транспортот на Блискиот Исток.
Нафтата Брент надмина 100 долари за барел, достигнувајќи 101,19 долари, што е раст од 9,2% од петокот. Американската нафта Западен Тексас Интермедијар се искачи на 107,06 долари за барел, односно 16,2% повеќе.
Причина за растот е речиси целосниот прекин на сообраќајот на танкери низ Ормутскиот теснец, низ кој дневно поминуваат околу 15 милиони барели нафта (20% од глобалното производство). Поради проблемите со извозот, Ирак, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати го намалија производството.
Дополнителен притисок врз цените создаваат и нападите врз нафтени и гасни постројки во Иран, Израел и САД. Израелската војска викендов нападна ирански складишта и терминали за нафта, а евентуалното запирање на извозот на Иран (1,6 милиони барели дневно) може дополнително да го зголеми растот на цените.
Во меѓувреме, во САД цената на бензинот достигна 3,45 долари за галон, а дизелот 4,60 долари.


