ЦЕЛИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР ВО СЕПА – Што значи тоа за вашите пари
Сите банки во земјата сега овозможуваат брзи и сигурни плаќања во евра.

Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), со што целосно е вклучен целиот банкарски сектор во земјата во оваа платежна шема.
Според Народната банка, целосното учество на банките во СЕПА е значаен чекор за интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор. Ова ќе го зголеми квалитетот на прекуграничните плаќања, обезбедувајќи поголема ефикасност, брзина и транспарентност за граѓаните и компаниите.
Со приклучувањето на сите банки, овие услуги стануваат подостапни, а конкуренцијата и понудата на платежни услуги на домашниот пазар се зголемуваат. Тоа доведува до пониски надоместоци и подобра транспарентност, особено за компаниите кои тргуваат со земјите од Европската Унија и другите членки на СЕПА.
Народната банка ќе продолжи да работи со банките и другите учесници на пазарот на унапредување на платежната инфраструктура и усогласување со европските стандарди. Во иднина ќе се продолжи со проширување на учеството на домашните институции во другите СЕПА шеми, со цел обезбедување сигурни, ефикасни и модерни платежни услуги за граѓаните и компаниите.


