БУГАРИЈА ОБВРЗАНА ДА ГО ВОВЕДЕ ЕВРОТО Радев бара граѓаните да одлучат на референдум за еврото

Темата предизвикува силни реакции во јавноста. Во февруари годинава, во главниот град Софија дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираа против плановите за воведување на еврото.

БУГАРИЈА ОБВРЗАНА ДА ГО ВОВЕДЕ ЕВРОТО Радев бара граѓаните да одлучат на референдум за еврото

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во своето обраќање до нацијата објави дека поднесува официјално барање до бугарскиот парламент за организирање на референдум на кој граѓаните ќе одлучат дали земјата треба да го воведе еврото како национална валута.

„Бугарија, како полноправна членка на Европската Унија, се наоѓа пред стратешка одлука – воведување на единствената европска валута“, истакна Радев, пренесува порталот Кликс.

Шефот на државата оцени дека референдумот ќе биде тест за демократскиот капацитет на бугарското Собрание, а воедно и показател кој ги брани демократските принципи и правото на граѓаните да ја одредуваат сопствената иднина.

„Овој референдум ќе биде корисен за бугарската демократија“, рече тој.

Патот на Бугарија кон еврозоната е исполнет со предизвици. Во 2024 година Европската централна банка соопшти дека земјата не ги исполнува критериумите за приклучување кон монетарната унија, главно поради високата инфлација.

Темата предизвикува силни реакции во јавноста. Во февруари годинава, во главниот град Софија дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираа против плановите за воведување на еврото.

И покрај отпорот, новата бугарска влада, формирана минатиот месец, го прогласи членството во еврозоната за еден од своите главни приоритети. Сепак, дел од економистите предупредуваат дека Бугарија сè уште не располага со доволно стабилна економија и не е подготвена за ваков чекор.

Правно, Бугарија нема можност за трајно избегнување на еврозоната. Според европските договори, сите нови членки на ЕУ се обврзани да го воведат еврото штом ги исполнат критериумите. Единствен исклучок во Унијата моментално има само Данска, која договорно обезбеди трајна „клаузула за откажување“. Таков статус претходно имаше и Обединетото Кралство пред да ја напушти ЕУ.

Ќе го поддржат ли граѓаните преминот кон еврото или ќе побараат задржување на левот, останува да се види доколку парламентот го одобри референдумот.

CATEGORIES
Share This