БРУЦОШИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ – Првиот рок за уписи на УКИМ е на 19 и 20 август
Според конкурсот, на 23-те факултети во состав на УКИМ има вкупно 9.719 слободни места

Во вторник и среда, 19 и 20 август, започнува првиот уписен рок за прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје за академската 2025/2026 година.
Според конкурсот, на 23-те факултети во состав на УКИМ има вкупно 9.719 слободни места:
-
4.683 за редовни студенти во државната квота
-
4.081 за редовни со кофинансирање
-
955 за вонредни студенти
Најмногу места се нудат на ФИНКИ (1.020), Природно-математичкиот факултет (910), Филозофски (880), Филолошки (810), Медицински (760), Економски (700), Правен (610) и ФЕИТ (590).
Партиципацијата за редовни студенти во државната квота изнесува 200 евра, а за редовни со кофинансирање и вонредни – 400 евра.
Пријавувањето се врши електронски преку www.upisi.ukim.mk со пополнување на пријава од iKnow системот.
Вториот рок ќе се одржи на 11 и 12 септември, а третиот – на 24 септември, за местата кои ќе останат слободни.


