БРОД ПОТОНА ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ ПО НАПАД СО ДРОНОВИ И РАКЕТИ – 4 загинати, 14 исчезнати

Бродот „Етернити Ц“, кој пловел под либериско знаме, потона утрово во Црвеното Море по серија напади извршени во понеделникот и вторникот.

БРОД ПОТОНА ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ ПО НАПАД СО ДРОНОВИ И РАКЕТИ – 4 загинати, 14 исчезнати

Четворица од вкупно 25 членови на екипажот загинале, додека 14 сè уште се водат како исчезнати. Спасувачите досега извлекле седум преживеани, кои повеќе од 24 часа минале во морето.

Меѓу екипажот имало 21 Филипинец, еден Русин и тројца вооружени чувари – Грк и двајца Индиеци. Еден од индиските чувари е меѓу спасените.

Бродот бил нападнат прво во понеделникот попладне од морски дронови и ракетни гранати истрелани од глисер, при што биле уништени чамците за спасување. По вториот напад вчера, бродот се навалил и конечно потонал.

Според извори, нападите се поврзани со јеменската милиција Хути, која од ноември 2023 година таргетира трговски бродови во Црвеното Море, во знак на поддршка за Палестинците. Ова е втор инцидент во само два дена – претходно беше нападнат и бродот „Магични мориња“, чиј екипаж беше целосно спасен.

Грчките власти, во соработка со Саудиска Арабија, работат на расветлување на инцидентот. Постојат стравувања дека некои членови на екипажот можеби биле киднапирани од Хутите.

Црвеното Море останува еден од најважните поморски коридори во светот, особено за транспорт на нафта и стока.

CATEGORIES
Share This