БРИТАНИКА СО ТУЖБА ЗА OPENAI – 100.000 написи на Британика користени за обука на ChatGPT

Компаниите за ВИ тврдат дека нивните системи трансформираат материјал за нова содржина

БРИТАНИКА СО ТУЖБА ЗА OPENAI – 100.000 написи на Британика користени за обука на ChatGPT
Фото: Принтскрин

Енциклопедијата Британика и нејзината филијала Меријан-Вебстер поднеле тужба против ОпенАИ пред сојузниот суд во Менхетн, САД, тврдејќи дека компанијата злоупотребила нивни содржини за обука на моделите за вештачка интелигенција.

Во тужбата се наведува дека ОпенАИ, со поддршка од Мајкрософт, ги користи онлајн статиите на Британика за да го обучи ChatGPT да одговара на прашања. Според тужбата, компанијата илегално копирала околу 100.000 написи за обука на моделите на GPT.

Британика тврди дека ChatGPT создава „речиси дословни“ копии од нивните записи и ги пренасочува корисниците, кои би посетиле нивните веб-страници. Дополнително, ја обвинува ОпенАИ за повреда на заштитниот знак, со тоа што имплицира дозвола за репродукција на материјалот и лажно цитирање на енциклопедијата во содржината генерирана од вештачката интелигенција.

Минатата година, Британика поднела слична тужба против компанијата за вештачка интелигенција Perplexity AI, која сè уште е во тек.

Компаниите за вештачка интелигенција, пак, тврдат дека нивните системи чесно користат материјали заштитени со авторски права, бидејќи ги трансформираат во ново и оригинално содржини.

CATEGORIES
Share This