БРАНД ОСТРО ЗА ВРСКАТА ПЕРИ И ТРУДО Сè уште ја сакам, но неме ставајте во иста категорија со тој глобалист
Бранд го употреби терминот „глобалист“, честопати користен во конзервативните кругови, за да се оддалечи од Трудо

Фото: Принтскрин
Комичарот Расел Бранд остро зборуваше на Turning Point USA за новата врска помеѓу неговата поранешна сопруга Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо. Бранд рече дека сè уште ја сака Пери, но не сака да биде „во иста категорија“ со Трудо, кого го нарече „глобалист“.
Бракот на Бранд и Пери заврши во 2011 година, а пејачката подоцна изјави дека Бранд ѝ ја соопштил одлуката за развод преку текстуална порака. Пери и Трудо се во врска уште од летото, кратко по раскинувањето на врската со Орландо Блум, со кого имаат петгодишна ќерка. Бранд е во брак со Лаура Галачер од 2017 година.
CATEGORIES Сцена


