БРАН НАСИЛСТВО ВО МЕКСИКО – Македонските државјани да го напуштат Мексико, повика МНР

За помош, македонските државјани можат да се обратат на 24-часовните дежурни линии или на амбасадата во Вашингтон.

БРАН НАСИЛСТВО ВО МЕКСИКО – Македонските државјани да го напуштат Мексико, повика МНР
Фото: Национал

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) упати итен апел до сите македонски државјани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат земјата веднаш штом тоа е безбедно. Апелот следи по драматичното влошување на безбедносната состојба по убиството на водачот на моќниот картел Халиско, Немесио Осегуера, познат како Ел Менчо.

По ликвидацијата на нарко-босот, во Мексико избувна бран насилство. Членови на картелите блокираат патишта со запалени возила, а пожари се подметнуваат во продавници и аптеки во повеќе држави. Хаосот го зафати и туристичкиот центар Пуерто Ваљарта, каде густ чад се крева меѓу хотелските згради.

МНРиНТ препорачува да се одложат сите патувања кон Мексико кои не се неопходни. За асистенција, македонските државјани можат да се обратат на 24-часовните дежурни линии или на амбасадата во Вашингтон.

CATEGORIES
Share This