БОЖИЌ ПОД ЗАКАНА – Русија ќе нападне на празникот, предупредува Зеленски

Русија отфрли божиќно примирје, украинскиот претседател бара максимална готовност од војската

БОЖИЌ ПОД ЗАКАНА – Русија ќе нападне на празникот, предупредува Зеленски
Фото: Принтскрин

Зеленски предупредува: Русија може да изврши масовен напад на Божиќ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, предупреди дека Руската Федерација може да започне голем напад врз Украина на 25 декември, на Божиќ.

Зеленски истакна дека САД и Германија се заинтересирани за божиќно примирје, што обично сигнализира дека страните се подготвени за дипломатски решенија. Сепак, Русија го одби таквото примирје.

„Нема ништо необично во тоа од страна на земјата-агресор, бидејќи Русите веднаш кажаа: ‘Не, не сакаме ништо вакво’“, рече Зеленски.

Претседателот нагласи дека украинската војска мора да биде особено внимателна:

„Не станува збор дека не го сакаат примирјето – тоа го разбираме. Проблемот е што кога Русија вели ‘Нема да има божиќно примирје’, тие тоа го мислат сериозно. По тие сигнали, побарав нашата разузнавачка служба да се зајакне максимално за да разбереме каде се наоѓаме. Разбираме дека токму на нашиот Божиќ тие би можеле да започнат масовен напад“, предупреди Зеленски.

CATEGORIES
TAGS
Share This