Борис Трајковски загина поради неодговорниот однос на војниците на СФОР

Поврзано со ова, тоа утро над Мостар било многу магловито, пилотот сугерирал враќање поради лошите метеоролошки услови а тоа го сториле хрватскиот и словенечкиот претседател, ама ете кај Трајковски странците како нивна марионета со неискрена заднина и стратегиска психоефектност конструираа кај него претседателова престава (лажна) дека е фактор на стабилноста и едоставно верувал дека е фактор кој мора да го слушнат на меѓународната конференција во БиХ и сугерирал слетување.

Борис Трајковски загина поради неодговорниот однос на војниците на СФОР
Фото: Национал

Колумна, Национал
проф. д-р Јанко Бачев
Недела, 1 март 2026 година

Пред 22 години се урна владиниот кингер со кој Трајковски патуваше на меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина. Имаше обиди за неколку истраги, но сите се покажаа несериозни, особено странските. Една беше во јануари 2013 година која ја водеа експерти од Америка, Германија, Хрватска, Србија, Македонија и од Босна и Херцеговина, под раководтсво на босанскиот воздухополвен експерт Омер Кулиќ.

Во јавноста се вртат две верзии околу загинувањето на Трајковски. Според првата, станува збор за класична авионска несреќа, додека втората говори за атентат врз Трајковски. Веднаш да кажам дека сум на трагата на некое средно решение, односно, загинувањето на Трајковски не е резултат на атентат, туку неодговорно однесување, а, таквото мислење го темелам на два моменти.

Меѓутоа, најрвин да потсетам на атмосфетата што дополнително е создавана за овој трагичен настан. Имено, во годините кога постојано лебди дилемата околу (не)потребата од повторно отворање на истрагата за уривањето на владиниот кингер кај Мостар, во февруари 2007 година на сцена стапува и швајцарскиот пратеник во Европскиот парламент, Андреас Грос. Всушност, токму по негова сугестија, а со цел да се утврдат околностите под кои загина Трајковски, беше формирана и Анкетна комисија во македонското Собрание  во која членуваат пратеници од најголемите парламентарни партии. Андреас Грос ја вжешти домашната атмосфера кога бомбастично изјави дека претседателот Трајковски е жртва на смислено убиство. Во овој контекст, интересна е еволуцијата на „истражителот„ Грос и најпрвин напиша дека најверојатно станува збор за пилотска грешка, но, со препорака случајот уште еднаш да се претресе. Во меѓувреме, Андреас Грос се премисли и најави  втор извештај, а потоа, како што споменав, излезе со бомбастичното тврдење дека авионската несреќа во која загина Трајковски, заедно со неговите соработници, не била несреќа, туку дека станува збор за нарачано убиство!

Значи, Грос останува на тврдењето – загинувањето на Трајковски е нарачано убиство, и, притоа, како „доказ„ во прилог на таквото тврдење ни ја приложи неговата изјава, дека, според негово лично убедување, претседателот Трајковски е жртва на атентат. Значи,  Грос, врз основа на лично убедување, смета дека врз Трајковски е извршен атентат. Истовремено, тој најави тогаш дека ќе ја посети Македонија, но, од тогаш ниту трага, ниту глас. Значи, Грос си тера најобична заебанција, поигрувајќи, притоа, со чуствата на блиските на загинатите, соопштувајќи ни уште, внимавајте, дека Македонците биле многу интелегентни и чуствителни суштества, па, демек, токму тоа била причината поради која тој се нафатил да го открие атентаторот врз Трајковски, небаре е првиот човек на ЦИА. И, продолжува со шегата, велејќи, замислете, се почуствувал обврзан тука во Македонија, бидејќи во друг контекст немал да го каже неговото тврдење (читај: убиецот на Трајковски). И, најпосле, како заклучок, за своето тврдење, Андреас Грос ни го понуди „крунскиот доказ„ – го познавале многу луѓе во Македонија и сите тие знаеле дека е многу сериозен!? Е*ате доказот!

Да се навратам на споменатите два моменти – зошто сметам дека загинувањето на Трајковски и соработниците е убиство како резултат на едно неодговорно однесување?

Познато е дека во БиХ беа распоредени војници на СФОР, а такви странски воени сили своевремено имавме и во Македонија, под називот УНПРОФОР. Пред околу три децении, се сеќаваме како овие странски војници во Македонија правеа ршум по скопските угостителски објекти, се шетаа по центарот на Скопје вооружани со автоматски пушки и воопшто не ги фермаа домашните органи, бидејќи тие на овие балкански простори доаѓаа со претходна предубеденост, дека доаѓаат во земји во кои можат да се однесуваат како во село без кучиња!

Се сеќаваме дека како резултат на едно такво арогантно, самобендисано и крајно неодговорно однесување на тие странски војници, дојде дури и до убиство на тогашниот македонски министер, Радован Стојковски. Тогаш, на автопатот од Скопје за Велес, споменатите странски војници возеле во спротивен забранет правец, воопшто не почитувајќи ги сообраќајните правила на движење. А,тие го правеа тоа, затоа што дел од овие странски војници беа пермаментно пијани или дрогирани, како резултат на нивните високи плати, кои ги добиваа за своето службување на просторот на поранешна Југославија!

Во овој контекст, истрагата за уривањето на владиниот кингер требало да се насочува во оваа насока, и неопходно било потребно да се настојува да се испита психофизичката состојба (поспаност, пијаност или дрогираност) на двајцата странски војници од францускиот контигент, кои тоа кобно утро биле на должност на контролата кула на мостарскиот аеродром!  Што е поинтересно, до денешен ден, од страна на македонските органи не е направен обид да се сослушаат споменатите француски војници, а, кој знае, можеби дополнително ќе проработи свеста кај нив, да признаат некои клучни моменти, за кои претходно зборував.  Во контекст на посочената човечка грешка околу уривањето на владиниот кингер, уште да споменам дека мостарскиот аеродром, иако носи бомбастичен назив – меѓународен аеродром, се до тој момент претставува најобична шупа, бидејќи има несоодветно ниво на опременост, односно, стара телекомуникациска опрема без радарско наведување. Дури, по трагичниот настан со Трајковски, и неговите соработници, некаде во април 2004 година, комплетно беше инсталирана нова телекомуникациска и метеоролошка опрема на контроланата кула на аеродромот во Мостар!

За приказната, пак, дека СФОР дошле на местото на настанот веднаш по уривањето на авионот, се согласувам со таквата теза, но, според мене, не да кријат некои докази, туку, едноставно, затоа што таков е нивниот манир на работа – сакаат први да видат и да исконтролираат се, во услови кога станаа апсолутни господари, односно, државите од регинот се препуштија на целосна нивна контрола. Во оваа насока, токму македонските граѓани најдобро ги паметат снимките од некои немили настани во Македонија, во кои се инволвирани споменатите странски војници. Се сеќаваме дека во таков случај, сите детали најпрвин ги испитуваат нивни истражни органи, за подоцна да им дозволат на критичното место да се приближат и македонски полицајци, и тоа, внимавајте, во сопствената држава!

Вториот момент поради кој сметам дека во случајот со уривањето на владиниот кингер станува збор за убиство поради неодговорно однесување на странските војници, кои биле на должност на контролната кула на мостарскиот аеродром, го темелам на следниот факт: тогашниот претседател Трајковски беше под целосна контрола на клучните авторитети на меѓународната заедница, па, оттаму, не гледам никаква политичка причина и логика, зошто би го убивале во атентат, кога имаа целосна контрола врз него!? Токму тоа е најпосакуваната состојба за моќните актери на меѓународната сцена – да ги имаат под целосна контрола локалните политички водачи!

Македонските граѓани се сеќаваат дека Борис Трајковски многу малку дејствуваше како претседател на Македонија, а многу повеќе како некаков акредитиран амбасадор на споменатите странски структури, со што, во крајна линија, и нанесуваше голема штета на сопствената држава, и тоа во еден од најсудбоносните моменти во нејзината понова историја – воената 2001. Значи, ако Трајковски секое утро, прва задача му беше да изврши телефонски консултации со своите странски ментори за активноста што треба да ја преземе во тековниот ден, тогаш основано се наметнува заклучокот, дека не постои ниту една валидна причина да биде жртва на смислен заговор. Познавачите добро знаат дека секој атентат има своја конкретна причина!

Поврзано со ова, тоа утро над Мостар било многу магловито, пилотот сугерирал враќање поради лошите метеоролошки услови а тоа го сториле хрватскиот и словенечкиот претседател, ама ете кај Трајковски, странците како нивна марионета со неискрена заднина и стратегиска психоефектност конструираа кај него претседателова претстава (лажна) дека е фактор на стабилноста и едноставно верувал дека е фактор кој мора да го слушнат на меѓународната конференција во БиХ по секоја цена и сугерирал слетување.

Башка што му ја украде победата на Тито Петковски во 1999 година од кого катастрофално ги изгуби изборите, односно, Трајковски стана претседател со невидениот фалсификат кога од околу 200.000 албански глаови, замислете, во  вториот круг доби фантастични 98.000 гласови наспроти само 2.000 гласови за Петковски во западниот дел на државата. Странските ментори на Трајковски го оценија изборниот фалсификат како фер избори.

Приказната за Трајковски некаков визионер/државник едноставно е наменска и нереална а башерн командант. Значи, за Трајковски единствено што може да се каже само дека е жалосно што загина како млад човек и остави семејство, и толку.

CATEGORIES
Share This