БОМБАШКИ НАПАД ВРЗ КУЌАТА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ – Уапсен уште еден осомничен

Во инцидентот на Дедиње немаше повредени, но е предизвикана голема материјална штета

БОМБАШКИ НАПАД ВРЗ КУЌАТА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ – Уапсен уште еден осомничен
Фото: Принтскрин

Српската полиција синоќа уапси уште едно лице осомничено за нападот врз семејната куќа на пејачот Здравко Чолиќ во Белград.

Станува збор за М.А. (23), кој се сомничи дека му помагал на С.М., првично осомничен и уапсен вчера, при извршувањето на кривичното дело.

Нападот се случи во вторникот наутро, кога во куќата на Чолиќ на Дедиње беше фрлена бомба. Во инцидентот немаше повредени, но беше предизвикана голема материјална штета.

Во моментот на нападот во куѓата биле сопругата и помалата ќерка на Чолиќ, додека пак, тој бил во Хрватска на снимање на нова песна.

CATEGORIES
Share This