БОМБА ОД БЕЛГРАД Арнаутовиќ потпишува за Црвена Ѕвезда

Доаѓањето на Марко Арнаутовиќ во редовите на Црвена Ѕвезда претставува вистинска трансфер сензација во српскиот фудбал. Искусниот австриски репрезентативец ќе потпише двегодишен договор со белградскиот гигант, а според информациите на австрискиот „Скај“, неговата годишна нето-плата ќе изнесува 2,5 милиони евра.
Арнаутовиќ, кој има 36 години, се очекува да пристигне во Белград во понеделник, каде официјално ќе го потпише договорот и ќе биде претставен како ново засилување на шампионот на Србија.
Во богатата клупска кариера, напаѓачот настапуваше за екипите на Твенте, Вердер Бремен, Стоук Сити, Вест Хем, Шангај СИПГ, Болоња и Интер. Сега, Белград ќе биде неговата нова фудбалска дестинација.
За репрезентацијата на Австрија, Арнаутовиќ има одиграно 125 натпревари и постигнато 41 гол, со што се вбројува меѓу најистакнатите фудбалери во историјата на националниот тим.


