БОЛКАТА Е ЗАСЕКОГАШ, НО НАША ОБВРСКА Е ДА ПОСТОИ ПРАВДА Мицкоски за случајот „Кочани“
Тој ја искажа жалоста за обидите на некои политички партии да ја искористат ситуацијата за своја добивка, наведувајќи дека таквите постапки се контрапродуктивни.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Владата е посветена на одговорност и правда, оддалекувајќи се од практиките од минатото. Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи целосно соработува со обвинителството и ги исполни сите негови барања.
„Обвинителството дејствува во согласност со истрагата. Сè што се бара од МВР, се испорачува. Не постои никаква двосмисленост – секој против кого постојат докази ќе биде санкциониран. Ова е процес што треба да се остави на надлежните институции, без политички притисоци“, рече Мицкоски.
Тој ја искажа жалоста за обидите на некои политички партии да ја искористат ситуацијата за своја добивка, наведувајќи дека таквите постапки се контрапродуктивни.
„Жалам што одредени политички субјекти се обидуваат да заработат политички поени на грб на трагедија. Ова нема да успее, а јас немам намера да ставам политички призвук на случајот“, додал премиерот.
Тој додаде: „Болката ќе трае цел живот кај родителите, а ние имаме одговорност да се бориме за правда. И сега гледате дека има правда“.


