БОЛКА ШТО НЕ СТИВНУВА – Сузана Јовановиќ ја раскажува борбата со смртта на Саша Поповиќ

Сопругот го загуби животот во Париз, а таа остана со децата до последниот здив

БОЛКА ШТО НЕ СТИВНУВА – Сузана Јовановиќ ја раскажува борбата со смртта на Саша Поповиќ
Фото: Принтскрин

Сузана Јовановиќ на 1 март минатата година го загуби својот сопруг, музичкиот визионер Саша Поповиќ. Иако помина речиси една година, болката, како што вели, не стивнува. Во својата најискрена и најтешка исповед за локалните медиуми, таа проговори за последните месеци од неговиот живот, борбата со тешката болест и моментите кои засекогаш ѝ се врежале во душата.

Сузана беше покрај Саша до самиот крај. Човекот со неисцрпна енергија, ведар дух и оптимизам, ненадејно се соочи со болест која, како што вели таа, го менувала и телото и душата.

„Кога гледаш човек кој зрачи со радост, а болеста од ден на ден го гаси, тоа е нешто што умот одбива да го прифати“, раскажа Сузана.

Сè започнало по скршеница на ногата, која не заздравувала. Дополнителните прегледи во КБЦ „Бежанијска коса“ довеле до скенирање, по кое лекарите ја соопштиле тешката дијагноза – невроендокрин карцином на желудникот.

„Во моментот кога ни го кажаа тоа, само се погледнавме. Како да слушаш нешто што не може да биде вистина“, се присетува таа.

По првичниот шок и солзите, Сузана му ветила дека ќе се борат – исто како што тој се борел целиот живот.

Лекувањето продолжило во Париз, каде Саша примал терапија. Но, при последното заминување, веќе било јасно дека силите го напуштаат. Тешко се движел, а резултатите од анализите покажале дека состојбата е критична.

Лекарите соопштиле дека повеќе не може да прими терапија, бидејќи таа би била фатална. Тоа било моментот кога Сузана морала да се соочи со најтешката вистина.

„Не можев да му кажам. Немав сила да изговорам дека е крај“, вели таа.

Иако немоќен, Саша бил целосно свесен. Тој бил тој што ја тешел неа.

Ми рече да не плачам, дека морам да бидам силна за себе и за децата. Во тој момент, јас се скршив“, признава Сузана.

Во последните денови примал морфиум за да се ублажи болката. Лекарите ѝ кажале дека му остануваат најмногу неколку дена.

Сузана ги повикала децата да дојдат од Белград за да се збогуваат со татко им. Тоа биле најтешките моменти особено за ќерката Александра, која тешко ја поднела ситуацијата.

Последните часови, Сузана и синот Даниел биле покрај него, наизменично, ден и ноќ.

„Кога Даниел ми рече: ‘Мамо, Сале веќе не дише’, светот застана. Го прегрнав и не можев да поверувам“, раскажа таа.

Со солзи во очите, Сузана ја заврши својата исповед признавајќи дека и денес не знае од каде нашла сила да го преживее сето тоа.

CATEGORIES
Share This