БОЛЕСТА ПОВТОРНО СЕ ВРАТИ ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ Романија регистрираше два случаи на лепра

БОЛЕСТА ПОВТОРНО СЕ ВРАТИ ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ Романија регистрираше два случаи на лепра

Романските здравствени власти потврдија појава на два случаи на лепра во бања во северозападниот град Клуж, што претставува прво официјално регистрирање на оваа болест во земјата по повеќе од 40 години. Станува збор за редок здравствен настан во земја членка на Европската Унија, кој, според надлежните, не претставува закана за пошироката јавност.

Министерството за здравство соопшти дека болеста е дијагностицирана кај две млади жени од Индонезија, на возраст од 21 и 25 години, кои моментално се хоспитализирани и примаат соодветна терапија. Дополнително, уште две лица се подложени на медицински тестирања, како дел од стандардните епидемиолошки протоколи.

Министерот за здравство, Александру Рогобете, апелираше на смиреност, истакнувајќи дека лепрата не се пренесува лесно и дека ризикот за посетителите на бањата е минимален. Тој нагласи дека за инфекција е потребен долг и близок контакт со заболено лице, што значително го намалува ризикот од ширење.

Здравствените служби во Романија продолжуваат со следење на состојбата и уверуваат дека се преземени сите неопходни мерки за контрола и превенција, со цел да се спречи евентуално понатамошно ширење на болеста.

CATEGORIES
Share This