БОГАТА ПРОГРАМА НА ТРЕТИОТ ДЕН ОД СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА – Денот започнува со поетско читање „Матине“ па продолжува со „Современа македонска поезија“
Денот започнува во 10:00 часот со меѓународното поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид. Во 11:30 часот во хотел „Дрим“ ќе се одржи читањето „Современа македонска поезија“.

Денес, 23 август 2025 година, во рамки на третото фестивалско издание на Струшките вечери на поезијата ќе се одржат повеќе поетски читања и претставувања на добитници на награди.
Денот започнува во 10:00 часот со меѓународното поетско читање „Матине“ во предворјето на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид. Во 11:30 часот во хотел „Дрим“ ќе се одржи читањето „Современа македонска поезија“.
На прес-конференција во 12:00 часот ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, додека во 14:30 часот, исто така во хотел „Дрим“, ќе биде претставен лауреатот на наградата „Стојан Христов“.
Во 19:00 часот ќе биде одржан поетскиот портрет на добитникот на „Златниот венец“, словачкиот поет Иван Штрпка.
Вечерната програма продолжува во 21:00 часот на плоштадот во Охрид со меѓународното поетско читање „Созвучја“, а ќе заврши со музичко-поетската изведба „Ноќ без интерпункција“ на летната сцена на Центарот за култура, која ќе започне во 23:45 часот.


