БЛОКИРАНИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ – АМСМ со важно сообраќајно известување
Сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки, по претежно влажни коловози

Поради одржување на протест, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата. Дополнителни информации се достапни во официјалното соопштение на „Макам-Транс“.
Сообраќајот денеска (29.01) на државните патишта се одвива без поголеми пречки, по претежно влажни коловози.
Од 15 ноември 2025 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без разлика на временските услови. Обврската ќе важи до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од урбаните средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси при влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемен ризик од одрони. Ова се однесува особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

