БЛОКАДИ НА ГРАНИЦИТЕ – Умерен сообраќај во внатрешноста
Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, без подолги задржувања на граничните премини

Денеска (27.01.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаб снег врне на планинските превои Попова Шапка и Ѓавато, но засега не се задржува на коловозот.
Поради тековни протести, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата. Детални информации за состојбата на граничните премини се достапни во известувањето на „Макам-Транс“.
АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2025 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите возила, без оглед на временските услови. Оваа обврска важи до 15 март 2026 година.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси.
АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои зголемен ризик од одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

