БИТКОИНОТ И ЕТЕРИУМОТ НА РЕКОРДНИ НИВОА Институциите и политиката на Трамп го поттикнуваат растот

Приливите во берзанските фондови, купувањата од јавни компании и прокрипто ставот на администрацијата на Доналд Трамп се главните двигатели.

БИТКОИНОТ И ЕТЕРИУМОТ НА РЕКОРДНИ НИВОА  Институциите и политиката на Трамп го поттикнуваат растот

Биткоинот утринава порасна за над 1%, достигнувајќи 123.500 долари – нов рекорд. Од почетокот на годината бележи раст од 31%, а од априлските најниски нивоа е поскап за 60%. Приливите во берзанските фондови, купувањата од јавни компании и прокрипто ставот на администрацијата на Доналд Трамп се главните двигатели.

Минатата недела, Трамп наложи Министерството за труд да разгледа можност дел од пензиските фондови да се инвестираат во криптовалути, што може да го зголеми пристапот на малите инвеститори.

Етереумот исто така скокна – за 6% над 4.700 долари, блиску до рекордот од 2021 година. Растот е поттикнат од усвојувањето на GENIUS Act, кој поставува регулаторна рамка за стабилни токени, и од плановите на компании како Bitmine Immersion Technologies за значително зголемување на поседите во етер.

Аналитичарите предвидуваат дека ETH може да достигне и до 15.000 долари до крајот на годината.

CATEGORIES
Share This