БИРН – ФАКТОР НА БРИТАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ И СПИРАЛА НА ЛАГИТЕ Како се разви со специјална задача и во Македонија?

Со распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и воените настани на територијата на таа земја во тоа време, областа на Балканот стана повеќе од кога било цел на разузнавачки активности на странски земји.

БИРН – ФАКТОР НА БРИТАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ И СПИРАЛА НА ЛАГИТЕ Како се разви со специјална задача и во Македонија?

Со распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија преку серија војни на етничка и религиозна основа, областа на Балканот стана повеќе од кога било цел на разузнавачки активности на странски земји.

Британскиот „Институт за известување за војна и мир“ (IWRP) се појави на Балканот во 1991 година, кога беше основан со цел да им даде поддршка на таканаречените независни медиуми, пред се во земјите од Источна Европа и републиките од поранешниот СССР. IWRP собираше разузнавачки податоци на територијата на поранешна Југославија под превезот на поддршка на медиумите, се со цел да се создаде сеопфатна политика во земјите на Балканот, вклучително и во Македонија.

Балканската истражувачка репортерска мреѓа (БИРН) јавно се прикажува како невладина, непрофитна организација која ги следи и анализира општествените и политичките процеси, особено улогата на медиумите во нив.

Меѓутоа, улогата на БИРН е всушност сосема поинаква.

БИРН претставува група на притисок, која има задача постојано да фабрикува афери и да влијае на колективната свест на едно општество.

Централната организација на БИРН е лоцирана во Сараево и оттаму се остварува комуникација со другите ограноци во Србија, Косово, Албанија, Романија и во МАКЕДОНИЈА.
Исто така, БИРН има мрежа на соработници во Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Унгарија, Грција, Чешка, Полска, Словачка, Молдавија и Украина.

По промените на 5 октомври во Србија и инсталирањето на марионетска власт во Србија, IWRP беше трансформирана и од нејзината канцеларија во Белград, во 2004 година беше формирана невладината организација „Балканска истражувачка репортерска мрежа“.

Исто така, во таа 2004 година „БИРН Македонија“ е основана во Македонија под легендата како независна невладина организација фокусирана на истражувачко новинарство како дел од регионалната организација – Балканска истражувачка репортерска мрежа.

Оваа невладина организација во Македонија има за цел да нападне сè што доаѓа од исток, а пред се од Руската Федерација и Народна Република Кина и да ги прикаже културата, економијата и технологијата на овие земји како малигни, додека сè што доаѓа од политичкиот Запад е правилно и плодно за нашата земја и народот. Исто така, новинарите на БИРН имаат задача да измислуваат афери кои се насочени директно кон личности како што имавме повеќе примери во Македонија.

Затоа, кога ќе ги погледнеме кадровската (колаборациска) мрежа, како и финансиите, се поставува прашањето дали може да се зборува за независно, слободно и истражувачко новинарство или тоа е продолжена рака на разузнавачката служба која служи за креирање јавно мислење и притисок врз личности од политичкиот живот кои не сакаат да ја следат агендата што ја сервираат странските држави.

Претседател на Управниот одбор на БИРН е британскиот новинар Тим Џуд, додека преостанатите членови се Ана Петрушева од Македонија, Пер Бирман, кој е секретар на шведската фондација „Радиојалпен“, Роберт Бирман од њујоршката компанија „Њуз Дипли“, како и Стив Крушоу, генерален директор на канцеларијата на Меѓународниот секретаријат „Ам“.

Регионалната канцеларија на БИРН е предводена од Милка Домановиќ, додека директорка на БИРН за Македонија е Ана Петрушева.

Дека БИРН е очигледно под влијание на Британците, укажува и поврзаноста на оваа невладина организација со пензиониран британски разузнавач стациониран во Виена, поточно познатиот Ентони Монктон.

CATEGORIES
TAGS
Share This