БЕЗБЕДНОСНА СИТУАЦИЈА НА СРЕДНИОТ ИСТОК – „Виз Ер“ суспендира летови до 7 март
Авиокомпанијата „Виз Ер“ ги известува патниците за продолжување на ограничувањата.

Фото: Национал
Авиокомпанијата „Виз Ер“ потврдува дека поради актуелната безбедносна ситуација во регионот, летовите до и од Саудиска Арабија ќе останат суспендирани до 7 март.
Исто така, летовите кон и од Израел, Дубаи, Абу Даби и Аман продолжуваат да бидат суспендирани до 7 март, како што беше претходно соопштено.
CATEGORIES Бизнис


