БЕЗБЕДЕН ГРАД СТАРТУВА ОД 1 ФЕВРУАРИ – Еве што ќе се казнува
Системот првично ќе биде активен во Скопје, Куманово и Тетово, на коридорите 8 и 10.

Проектот „Безбеден-град“ започна со тест-периодот на 1 декември 2025 година, а до крајот на јануари возачите добиваат само опомени. Од 1 февруари прекршоците што ги регистрираат камерите ќе се казнуваат.
Системот е активен во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10, а МВР планира проширување на целата територија на државата во 2026 година.
Камерите засега регистрираат четири прекршоци: Непрописно паркирање, поминување на црвено светло, управување со возило со истечена регистрација и брзо возење (со праг на толеранција: 6 км/ч за до 100 км/ч, 8 км/ч за над 100 км/ч, 12 км/ч за над 200 км/ч)
Казната доаѓа на сопственикот на возилото, без разлика кој управувал. Граѓаните добиваат опомени преку СМС или е-пошта со линк до записникот.
Покрај камерите на улиците, МВР ќе користи и полициски возила со камери. Во иднина се планира проширување на видот прекршоци што ќе се детектираат.
Граѓаните главно го поддржуваат проектот, оценувајќи дека ќе ја подобри безбедноста и ќе ја намали брзината на возење.
МВР тврди дека веќе има резултати: за време на тест-периодот бројот на прекршоци и повредени во Скопје значително се намалил. Првиот ден од тестот (1 декември) беа регистрирани 110.000 прекршоци, од кои 90% за брзо возење, а на 2 декември бројот паднал на 50.652.
Сообраќајните несреќи во Северна Македонија се над европскиот просек: во првите осум месеци од 2025 загинале 91 лице, додека во 2024 година биле 142 лица.


