БЕЗБЕДЕН ГРАД ОТКРИВА ХАОС НА ПАТИШТАТА – Бројките се неверојатни

„Сејф Сити“ регистрира речиси 47.000 прекршоци за два месеца.

БЕЗБЕДЕН ГРАД ОТКРИВА ХАОС НА ПАТИШТАТА – Бројките се неверојатни
Фото: Национал

Брзото возење останува еден од најсериозните проблеми во македонскиот сообраќај, покажуваат податоците од системот „Сејф Сити“  проект за автоматска контрола и санкционирање на сообраќајни прекршоци преку камери и сензори, кој од февруари годинава функционира во Скопје, Куманово и Тетово, како и на главните патни коридори.

Од почетокот на проектот до почетокот на месецов се евидентирани вкупно 46.970 сообраќајни прекршоци, што се оценува како алармантна бројка за сообраќајната култура на улиците и патиштата во земјата. Од нив, дури 45.001 се однесуваат на возење со брзина поголема од дозволената.

Според податоците, во периодот од 2 февруари до 2 април 2026 година, системот „Безбеден град“ регистрирал 19.066 прекршоци во февруари, 26.241 прекршок во март и 1.663 прекршоци во првите два дена од април

Покрај брзото возење, регистрирани се и други прекршоци, меѓу кои 1.679 случаи на возење со истечена сообраќајна дозвола и 290 прекршоци за минување на црвено светло.

Позитивен тренд има во делот на безбедноста, односно намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Во јануари и февруари 2026 година се регистрирани 929 несреќи, што е за 9,8% помалку во споредба со истиот период лани, кога биле евидентирани 1.030 незгоди.

Проектот „Безбеден град“, кој има цел да ја подобри безбедноста во урбаните средини преку современи технологии, наскоро ќе се прошири и во други градови. Пред туристичката сезона се очекува негова имплементација во Охрид, додека камери веќе се поставуваат и во Струмица.

CATEGORIES
Share This