БЕЗ ДОЗВОЛА, ДРОГИРАН ИЛИ ПИЈАН – Ќе останеш без возило
Конфискуваните возила, според министерот, ќе бидат донирани на јавни институции и ставени во служба на граѓаните.

Со најновите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, се воведува драстична новина: на возачи кои управуваат возило без дозвола, под дејство на алкохол или дроги, или со екстремна брзина, возилото ќе им се одзема трајно. Ова е првпат ваква мерка да се применува во Македонија.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека глобите нема да се зголемуваат, но затоа санкциите ќе бидат значително построги. Освен конфискацијата, со измените на Кривичниот законик, секое безобѕирно возење ќе носи и задолжителна затворска или условна казна, покрај паричната.
„Лице без возачка дозвола, под дејство на дроги или алкохол, не смее да биде дел од сообраќајот“, изјави Тошковски.
Конфискуваните возила, според министерот, ќе бидат донирани на јавни институции и ставени во служба на граѓаните.


