БЕСПЛАТНИ ТЕСТОВИ ВО 10 ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – Ќе се тестира за хепатитис и ХИВ

БЕСПЛАТНИ ТЕСТОВИ ВО 10 ГРАДОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – Ќе се тестира за хепатитис и ХИВ

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот, Министерството за здравство, во соработка со Хепар Центар – Битола и клиниките за гастроентерохепатологија и инфективни болести, денес започнува национална кампања за подигнување на свеста за болестите на црниот дроб.

Кампањата опфаќа бесплатен и анонимен скрининг за хепатитис Б, хепатитис Ц и ХИВ, како и еластографија – неинвазивен преглед за хронични заболувања на црниот дроб.

Првиот настан се одржува денес, од 10 до 13 часот, на плоштад „Македонија“ во Скопје, каде ќе биде поставена мобилна медицинска единица.

Скринингот ќе се спроведува и во други градови низ државата, според следниот распоред:

  • Куманово: 28 јули, од 18:00 до 20:30
  • Тетово: 30 јули, од 10:00 до 12:30
  • Гостивар: 30 јули, од 18:00 до 20:30
  • Струга: 1 август, од 10:00 до 12:30
  • Охрид: 1 август, од 18:00 до 20:30
  • Битола: 4 август, од 10:00 до 12:30
  • Прилеп: 4 август, од 18:00 до 20:30
  • Штип: 6 август, од 10:00 до 12:30
  • Гевгелија: 6 август, од 18:00 до 20:30

Целта на кампањата е рана детекција и подигање на јавната свест за сериозноста на црнодробните болести како што се: хепатитис, цироза, црнодробен карцином, алкохолно и неалкохолно замастување на црниот дроб, како и ретки заболувања.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните активно да се вклучат и да го искористат овој бесплатен преглед за навремено откривање и превенција на сериозни заболувања.

CATEGORIES
Share This