БЕРЗИТЕ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК Конфликтот на Блискиот Исток влијае на стабилноста на пазарот
По нападите од САД и Израел, цената на нафтата порасна за повеќе од 35%, а забраната за танкери низ Ормускиот теснец ја турна над 100 долари за барел.

Светските финансиски пазари минатата недела беа под силен притисок, додека цените на нафтата нагло пораснаа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Индексите на Волстрит забележаа пад.
Главна причина е кризата околу Иран. По нападите од САД и Израел, цената на нафтата порасна за повеќе од 35%, а забраната за танкери низ Ормускиот теснец ја турна над 100 долари за барел.
И покрај одлуката на Меѓународната агенција за енергија да ослободи 400 милиони барели нафта од резервите на 32 земји, пазарот останува нестабилен. Негативен тренд има и на европските берзи, каде FTSE, DAX и CAC исто така забележаа пад.
CATEGORIES Бизнис


