БЕРОВО ЗАМРЗНА Утрински минус 5 степени
Денеска променливо облачно со сончеви периоди и појава на магла по котлините

Најниска утринска температура денеска е измерена во Берово, каде живата во термометарот се спушти до -5 степени. Следуваат Битола и Струмица со -4 степени, Скопје-Петровец и Штип со -3, а во Демир Капија, Велес и Куманово се измерени –2 степени.
Температура од -1 степен е регистрирана во Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Прилеп, Маврови Анови и Претор, додека во Крива Паланка и на Попова Шапка се измерени 0 степени. Во Охрид утрово беше 1 степен, а во Виница и Крушево 2 степени, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне, по одделни котлини, ќе има појава на магла, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи од 6 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла, а максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Од УХМР најавуваат дека до вторник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, со појава на магла и зголемена облачност по котлините. Од вторник кон крајот на денот и во наредните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.


