БЕРОВО НАЈСТУДЕНО УТРОВО СО -3 СТЕПЕНИ Денес сончево и потопло до 20 степени

БЕРОВО НАЈСТУДЕНО УТРОВО СО -3 СТЕПЕНИ Денес сончево и потопло до 20 степени

Македонија го започна утрото со студени температури, при што Берово повторно се покажа како најстуден град во земјата со -3 степени Целзиусови, покажуваат податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минусни температури се измерени и во Лазарополе, каде утрово биле -1 степен, а нулта температура е забележана во повеќе градови — Скопје, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица.
Најтопло утрово било во Охрид, каде термометарот покажал 5 степени.

CATEGORIES
Share This