БЕНФИКА ВО ОДБРАНА НА ПРЕСТИЈАНИ – Мбапе му порача, не доаѓај на Бернабеу

Тензијата расте пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, а случајот со наводните навреди кон Винисиус Жуниор ја засени спортската најава.

БЕНФИКА ВО ОДБРАНА НА ПРЕСТИЈАНИ – Мбапе му порача, не доаѓај на Бернабеу
Фото: Принтскрин

Во Шпанија сè уште главна тема се наводните расистички навреди кон Винисиус на натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а тензијата само расте пред реваншот во среда на „Сантијаго Бернабеу“.

Килијан Мбапе испрати порака дека Џанлука Престијани не треба да патува во Мадрид:

„Мислам дека Престијани не би требало да дојде на ‘Сантијаго Бернабеу’, најдобриот стадион во светот. Не го заслужува тоа и не би требало да игра тука“.

Аргентинскиот фудбалер веднаш по натпреварот негираше дека го навредил Винисиус, а случајот сега ќе го испитува УЕФА. Од клубот Бенфика објавија видео на кое се гледа како Престијани го става дресот врз устата, додавајќи дека поради дистанцата играчите на Реал Мадрид не можеле да го слушнат она што го тврдат.

УЕФА отвори истрага, а ќе се земат изјави од Престијани, Винисиус и сведоци како Мбапе. Ако се утврди вина, Престијани може да добие суспензија од најмалку десет натпревари.

CATEGORIES
Share This