БЕЛГИЈА ПАРАЛИЗИРАНА ОД ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК – Индустријата и јавните услуги во застој
Повлекување на пензиските мерки, воведување даноци за богатите и дигиталните гиганти и укинување на субвенциите за големи компании.

Белгија денеска е во 24-часовен генерален штрајк организиран од трите најголеми синдикати, како протест против социјално-економските реформи на Федералната влада. Работниците од јавниот и приватниот сектор блокираа институции, патни правци и компании низ целата земја.
Најголеми нарушувања има во пристаништето во Антверпен, индустријата и јавниот превоз, додека аеродромите „Зевентем“ и „Брисел Југ-Шерлероа“ се целосно затворени. Во образовниот сектор штрајкуваат над 25.000 лица, а протестите допреа и во културниот и услужниот сектор.
Синдикатите бараат повлекување на мерките за пензии, даноци за богатите и дигиталните гиганти и укинување на субвенциите за големи компании. Според истражувачкиот центар „Агорија“, генерален штрајк погодил околу една четвртина од вработените, со пад на продуктивноста од 48%.
Генералниот штрајк ќе заврши вечерва на полноќ.

