БЕЛАТА КУЌА ПОД ТРЕВОГА Трамп отвора нуклеарен фронт против Русија

Судирот меѓу Трамп и Медведев започна на социјалните мрежи, по најновиот ултиматум што Трамп ѝ го постави на Русија

БЕЛАТА КУЌА ПОД ТРЕВОГА Трамп отвора нуклеарен фронт против Русија
Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Соединетите Американски Држави се целосно подготвени за евентуален нуклеарен конфликт со Русија, откако Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, упати сериозна закана.

Од Јужниот тревник на Белата куќа, Трамп – прозван од медиумите како „Скитникот“ одговарајќи на новинарски прашања, потврди дека наредил распоредување на две нуклеарни подморници како одговор на, како што рече, „неприфатлива закана која доаѓа од Москва“.

„Мораме да бидеме претпазливи. Испратена е закана што ја сметаме за сериозна. Затоа преземав мерки за безбедноста на нашиот народ,“ изјави Трамп.

Тој посочи дека Медведев недвосмислено споменал нуклеарно оружје, и додаде дека, кога се говори за нуклеарно оружје, САД мора да бидат подготвени:

„Ако некој зборува за нуклеарно оружје, ние мора да бидеме подготвени. Потполно сме подготвени,“ порача Трамп, нагласувајќи дека тоа е негова должност како претседател – да го заштити американскиот народ.

Судирот меѓу Трамп и Медведев започна на социјалните мрежи, по најновиот ултиматум што Трамп ѝ го постави на Русија. Тој најави дека рокот за „решавање на украинското прашање“ истекува за десет дена, почнувајќи од вторник.

Во одговор, Медведев го предупреди Трамп дека Русија не е ниту Израел, ниту Иран, и дека секој нов ултиматум е „отворена закана и чекор кон војна“.

„Трамп си игра со ултиматуми кон Русија – сега 50 дена, сега 10. Треба да запамети две работи: Русија не е Израел, а уште помалку Иран. Секој нов ултиматум е закана и директен пат кон војна. Поспаниот Џо!“, напиша Медведев на платформата Икс, алудирајќи на американските лидери и нивните непостојани рокови за „разрешница“ во Москва и Киев.

На тоа, Трамп возврати со предупредување до Медведев „да внимава што зборува“, објаснувајќи дека распоредувањето на подморниците било превентивна мерка – во случај „запаливите изјави на Медведев да не се само празни закани“.

CATEGORIES
TAGS
Share This