БЕЛ ЧАД НАД ВАТИКАН Избран нов папа, американецот Роберт Превост станува Лав XIV
Минути претходно, од оџакот на Систинската капела се издигна бел чад - симболот што најавува успешен избор на нов папа

Римокатоличката црква доби нов духовен лидер. Кардинал Роберт Франциско Превост од Соединетите Американски Држави е избран за нов папа и ќе го носи името Лав XIV. Веста беше објавена од чардакот на базиликата Свети Петар, каде еден од највисоките кардинали со традиционалното „Habemus Papam“ ја соопшти одлуката на Конклавата.
Минути претходно, од оџакот на Систинската капела се издигна бел чад – симболот што најавува успешен избор на нов папа. Според црковните извори, кардинал Превост обезбедил најмалку 89 гласови од вкупно 133 кардинали со право на глас.
Илјадници верници кои се собраа на плоштадот Свети Петар бурно ја поздравија објавата, одговарајќи со громогласни овации и молитви.
Новопоставениот папа Лав XIV ќе се соочи со бројни предизвици, меѓу кои внатрешни реформи, екуменски дијалог и улогата на црквата во современото општество.


