БЕГАЛЦИ ОД ПРАВДАТА Каде се Артан Груби и Васко Ковачевски

Министерството за внатрешни работи презема мерки, граѓаните се повикуваат да соработуваат

БЕГАЛЦИ ОД ПРАВДАТА Каде се Артан Груби и Васко Ковачевски
Фото: Принтскрин

Веќе една година по бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби, полицијата сè уште не знае каде се наоѓа и нема информации за текот на постапката за негово пронаоѓање. Покрај него, органите на прогонот сè уште го бараат поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, додека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, останува недостижен за Обвинителството.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека преземаат соодветни тактички и оперативни мерки за лоцирање и приведување на лицата за кои се интересира јавноста. Граѓаните се повикуваат, доколку имаат информации за нивното местоположба, да се обратат во најблиската полициска станица.

Иако во текот на изминатата година беа покренати повеќе истраги, а дел од нив, како случајот „Адитив“, завршија на суд, главните актери во најголемите корупциски случаи сè уште не се зад решетки.

На 16 декември лани, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против Артан Груби за сериозни злоупотреби со тендери во „Државна лотарија“, беше утврдено дека тој ја напуштил земјата. До денес нема официјални информации за неговото местоположба. Набрзо стана јасно дека и Перпарим Бајрами, обвинет во истиот случај, не е во земјата. Неговиот адвокат изјави дека Бајрами не е во бегство, туку едноставно се иселил од државата.

Васко Ковачевски, првоосомничен во случајот „Адитив“, се бара со потерница за сериозна злоупотреба вредна околу 6,5 милиони евра.

CATEGORIES
Share This